Уред за комуникација меѓу луѓето и животните
- Се работи за начин на поврзување на ентитет (човек или животно), кој не може да зборува со техника што може.
Токио, 2 јули 2020 (МИА) - Јапонски научници работат на развој на електронски уреди што ќе овозможат вид „разговор“, односно размена на мислите меѓу луѓе и животни. Тоа ќе ни овозможи нам луѓето подобро да ги разбереме, соопшти Министерството за образование, наука и технологија на Јапонија.
Станува збор за неврокомпјутерски интерфејс (NIC) кој го поврзува мозокот со машина со функционална магнетна резонанца, и содржи вештачка интелигенција која се користи, на пр., при помош на лица со оштетен слух и говор. Се работи за начин на поврзување на ентитет (човек, мачка или куче) кој не може да зборува, со техника што може.
Се очекува дека со ова, „читањето мисли“ ќе биде возможно и на поголема далечина.
Јапонската Влада неодамна објави „Бела книга“, во која се предвидува дека до 2040 година луѓето ќе можат да разговараат со своите миленици.
Слично истражување е веќе направено и во Соединетите Американски Држави, каде што е развиена технологија што може мислите на кучето да ги пренесе писмено или гласовно преку компјутер или паметен телефон.
Јапонските научници се надеваат дека уредот што сѐ уште е во развој, ќе може да се користи и во случај на несреќи, природни непогоди, трагање и помош на жртвите, откривање на експлозивни направи и слични потфати. си/сд/