• четврток, 21 ноември 2024

Особините на вљубен маж

Особините на вљубен маж

Лос Анџелес, 1 ноември 2024 (МИА) - Секој може да каже што жената сака да го слушне, но само некој што го мисли тоа што го кажува ќе ги поткрепи своите зборови со дела.

Занимливото кај љубовта е тоа што сите ние комуницираме и ја примаме на свој единствен начин. Но, според терапевтот за личен развој, Џејмс Мајкл Сама од САД, постојат шест знаци дека мажот е вљубен во жена од самиот почеток на врската.

Ја вклучува во секој дел од неговиот живот

Кога маж сака една жена, тој сака да таа да дел од неговиот живот и да ја внесе во кругот на своето семејство и пријатели. Запознавањето со родителите е голем чекор во врската, а добриот однос со нив може да доведе до посреќна врска. Тој сака тие да ја сакаат неговата избраничка и таа да ги сака нив. Тој, уште повеќе, сака таа да биде негова поддршка и да ја вклучи во важни настани и пресвртници во животот, објави порталот „Кликс“.

Се обидува „да даде“ повеќе отколку што „зема“

Вистинската љубов е давање и придонес во животот на партнерот. Човекот кој Ве сака, ќе Ви го покаже тоа на најдобар начин. Тој ќе се грижи за жената, ќе ја почитува, ќе ја сослуша и ќе ја сака. Паровите кои меѓусебно се почитуваат, забележуваат поголемо задоволство во врската, според истражување на Универзитетот „Дејвис“ во Калифорнија.

- Тој нема да Ви ја троши енергијата или да Ве натера да се чувствувате дека давањето е само еднострано. Кај одличните односи не се работи за давање и земање, туку за - давање!, нагласи Сама.

Нема „јас“ - само „ние“

Бевте двајца луѓе, но сега сте тим. Кога мажот е заљубен, ќе ја гледа жената како дел од себе. Ова вклучува заедничко одење на некој настан, разговор за одмор или заедничко планирање за иднината. Каде што оди, тој сака да оди и таа - и обратно. Тоа веќе не е само твој живот, тоа е заеднички живот.

Тој навистина слуша

Мажот кој сака една жена, сака ѝ посвети внимание. Тој ќе забележи и ситници што никој друг не ги гледа. Ќе научи што ја прави среќна, тажна или лута. Овие сознанија ќе му помогне да ја сака повеќе, и ги покажува сите мали детаљи што му се допаѓаат кај неа.

Нејзината среќа е негова среќа

- Кога мажот навистина Ве сака, тој ја споделува Вашата среќа и Ви ја дава својата сила за да Ви ја олесни болката. Да се ​​биде вљубен значи да се биде соиграч кој секогаш го поддржува другиот. Така, еден од големите знаци на вистинска љубов е она кога мажот сака да Ве види среќна и ќе се потруди да го оствари тоа. Љубовта значи да се стави среќата на таа личност на прво место, нагласи терапевтот.

Тој е тука за Вас, дури и кога се чувствувате лошо

Животот не е секогаш „розов“ и убав. Секој може да остане покрај жената во добри денови, но вистинскиот тест на неговата љубов ќе биде во лошите денови. Ќе има предизвици, загуби и неуспеси, но вистинскиот маж ќе биде до неа кога ѝ треба заштита, зад неа кога ѝ треба поддршка и покрај неа кога ѝ треба партнер. Поддршката е една од клучните работи во која било врска.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан