• среда, 29 мај 2024

УНХЦР: Околу 186.000 мигранти и бегалци годинава пристигнале на југот на Европа

УНХЦР: Околу 186.000 мигранти и бегалци годинава пристигнале на југот на Европа

Женева, 29 септември 2023 (МИА) - Околу 186.000 мигранти и бегалци годинава пристигнаа на југот од Европа, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Американските медиуми пренесуваат дека најголем број од нив влегле во Италија, повеќе од 130.000, што е зголемување за 83 отсто во споредба со минатата година. Остатанатите заминале за Грција, Шпанија, Кипар и Малта. 

Истовремено, од јануари до 24 септември годинава загинале или исчезнале речиси 2.800 лица кои се обиделе да го преминат Медитеранот, што е значително зголемување во споредба со 1.680 лица кои загинале или исчезнале во истиот период во 2022 година. 

Најголемиот број бегалци и мигранти кои се обиделе да го преминат Медитеранот кон Европа се од Тунис - повеќе од 102.000, се наведува во извештајот на Високиот комесаријат.

Околу 30.000 лица биле спасени на море или приведени и затворени во Тунис, додека речиси 11.000 беа затворени во Либија. 

Од УНХЦР наведуваат дека мигрантите и бегалците кои се обидуваат да стигнат до југот на Европа се соочуваат со „страшни услови“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан