• вторник, 05 ноември 2024

УНИЦЕФ: Бројот на жртви од мини минатата година во Мјанмар изнесувал повеќе од 1.000

УНИЦЕФ: Бројот на жртви од мини минатата година во Мјанмар изнесувал повеќе од 1.000

Њујорк, 3 април 2024 (МИА) – Бројот на цивилни жртви, вклучително и деца, убиени или осакатени од нагазни мини и смртоносни експлозивни направи во Мјанмар минатата година се искачи на 1.052, соопшти денеска УНИЦЕФ, агенцијата за деца на ОН.

Мините и експлозивните направи употребени во војна предизвикаа зголемување на бројот на жртвите за 270 отсто во 2023 година, од кои 188 загинаа, а 864 беа ранети, во споредба со вкупно 390 жртви во 2022 година, се вели во соопштението на УНИЦЕФ.

Според УНИЦЕФ, во 2023 година, бројот на деца убиени од мини бил 20 отсто од вкупниот број жртви. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан