• петок, 27 декември 2024

Албанската опозиција му порача на евроамбасадорот Гонзато да го вразуми Рама

Албанската опозиција му порача на евроамбасадорот Гонзато да го вразуми Рама

Тирана, 5 ноември 2024 (МИА) – Албанската опозициска Демократска партија коментирајќи ја изјавата на евроамбасадорот во Тирана, Силвио Гонзато, кој побара од опозицијата да ги извршува своите обврски во парламентот, му порача да го „вразуми премиерот Еди Рама за да не го користи деловникот укинат од Уставниот суд за исклучување на демократските пратеници“

Пренесувајќи го партискиот став координаторот на пратеничката група, Газменд Барди, уште додаде дека Гонзато треба да „собере храброст и да му каже на Рама да ја остави опозицијата да ги извршува своите обврски во парламентот“.

-Сакам јавно да објавам, бидејќи и вие  слушнавте смешни изјави дека пратениците од опозицијата треба да си ја вршат својата должност внатре во парламентот. Оние кои необјасниво ја повикуваат опозицијата да биде внатре во парламентот, навистина посакувам да го вразумат Еди Рама, да најдат храброст и да му кажат да ја остави опозицијата да си ја врши должноста во Собранието. Еди Рама користи пропис што го укина Уставниот суд и не дозволува опозиција да биде во Собранието, рече Барди.

Тој најави дека опозицијата, дури и оние пратеници кои се исклучени, ќе учествува во работата на собраниските комисии каде ќе се расправа за буџетот за следната година, за да им „објаснат на Албанците каков буџет направил Еди Рама“.

Но, нагласи дека нема одлука од страна на ДП за враќање на нормалата на парламентарниот живот и додаде дека „кога ќе има таква одлука, ќе ја објавам јавно заедно со условите кои би не вратиле во нормала“. вт/ссм/

Остани поврзан