• недела, 26 мај 2024

Украинците со дронови нападнале енергетски објекти кај рускиот град Смоленск

Украинците со дронови нападнале енергетски објекти кај рускиот град Смоленск

Москва, 24 април 2024 (МИА) - Според извештаи на руските власти и медиуми , Украина ноќеска употребила беспилотни летала за да нападне енергетски објекти во регионот Смоленск, на 400 километри западно од Москва, јави ДПА.

-Нашиот регион повторно беше цел на напад со украински дронови, изјави рано утринава гувернерот на Смоленск, Василиј Анохин, пренесен од руските медиуми.

Градоначалникот Анохин појасни дека била употребена руската противвоздушна одбрана,  додавајќи дека нападот врз енергетските објекти предизвикал пожари.

Овие информациите првично не можеа да бидат проверени од независен извор.

ДПА пренесува дека напад со дрон бил регистриран и во западниот руски град Липецк. Дронот се урнал во индустриската област и во инцидентот нема жртви, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на гувернерот на регионот.

Русија, која веќе над две години води војна против соседот Украина, се повеќе е на удар на украинските дронови, особено во пограничните области. Меѓутоа, штетите и бројот на жртвите се несразмерно помали во однос на масакрот во Украина, појаснува германската агенција.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан