• недела, 22 декември 2024

Украинската противвоздушна одбрана ноќеска урнала 16 од 30 лансирани руски дронови

Украинската противвоздушна одбрана ноќеска урнала 16 од 30 лансирани руски дронови

Киев, 1 октомври 2023 (МИА) - Украинските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта собориле 16 од околу 30 беспилотни летала "Шахед-131/136", што Русија ги лансираше на украинска територија, соопшти утринава украинското воздухопловство, пренесе украинската агенција Униан.

На апликацијата за пораки Телеграм украинското воздухопловство соопшти дека беспилотните летала биле лансирани од југ, југоисток и север, а со нив жестоко бил нападнат централниот украински регион Черкаси.

„Во текот на ноќта непријателот со борбените дронови масовно го нападна нашиот регион Черкаси. За жал, тие ја погодија индустриската инфраструктура во градот Уман, изјави гувернерот на Черкаси, Ихор Табуретс на Телеграм.

„Поради тоа избувнаа пожари во магацини. Посебно во оние во кои се складира житото“, прецизираше гувернерот и додаде дека во нападите едно лице е повредено.

Британските медиуми не можеа да дадат независна потврда на наводите на украинските власти. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан