• четврток, 08 август 2024

Уапсен во Северна Митровица српскиот политичар Арсенијевиќ поради „попречување на општинските работници“

Уапсен во Северна Митровица српскиот политичар Арсенијевиќ поради „попречување на општинските работници“

Приштина, 8 август 2024 (МИА) – Косовската полиција го уапси српскиот политичар Александар Арсенијевиќ од партијата Српска демократија на север, откако, според полицијата, ги попречувал работниците во општина Северна Митровица и ги одбил полициските наредби, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата во изјава за неколку медиуми ја потврди заменик-началникот на полицијата за северниот регион, Ветон Ељшани.

Запрашан од косовскиот портал на српски јазик КоССев каде се наоѓа Арсенијевиќ и што се случува, Ељшани одговорил дека најверојатно ќе биде одведен на сослушување во јужниот дел на Митровица, без натамошни објаснувања.

Арсенијевиќ е уапсен на плоштадот „Браќа Милиќ“, во близина на мосотот на реката Ибар, откако се обидел да ги спречи општинските работници да ги префарбаат српските знамиња исцртани на ѕидовите на тамошните објекти.

На истото место вчера се одржа собир на Србите од северно Косово, од кој беше побарано да не се отвора за возила, како што најавува Владата во Приштина дека ќе го стори тоа, мостот на Ибар, кој ги поврзува јужниот, населен со мнозинство Албанци, со северениот дел на Митровица, населен со српско мнозинство. иа/рп/

Фото: КоССев

Остани поврзан