Трамп предлага три дебати со Харис во септември
- Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп нуди три дебати во септември со демократската кандидатка Камала Харис, објавија светските агенции.

Мар а Лаго, 8 август 2024 (МИА) - Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп нуди три дебати во септември со демократската кандидатка Камала Харис, објавија светските агенции.
На прес-конференција во неговиот имот Мар а Лаго на Флорида, Трамп рече дека тимот на Харис сега треба да се согласи со понудата.
Трамп нуди дебати на 4, 10 и 25 септември во три различни американски медиуми.
-Се договоривме со телевизијата Фокс за дебата на 4 септември, се договоривме со телевизијата Ен-Би-Си за дебата на 10 септември, а со телевизијата Еј-Би-Си се договоривме за дебата на 25 септември, објасни тој.
Трамп додаде дека Си-Би-Ес ќе биде домаќин на дебатите меѓу кандидатите за потпретседател. мс/
фото: ЕПА