• недела, 22 декември 2024

Стејт департмент: Израелското повлекување на дипломатскиот статус од норвешките претставници во палестинската управа не е „конструктивна мерка“

Стејт департмент: Израелското повлекување на дипломатскиот статус од норвешките претставници во палестинската управа не е „конструктивна мерка“

Вашингтон, 8 август 2024 (МИА) - САД рекоа дека израелското повлекување на дипломатскиот статус на норвешките претставници во палестинската управа не е „конструктивна мерка“, пренесоа француските медиуми.

-Норвешка долго време игра важна улога во дијалогот со палестинските власти и Израел, изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, додавајќи дека САД веруваат дека „мерките што спречуваат да се игра таа улога не се особено конструктивни“.

Американскиот портпарол ја истакна дипломатската улога на Норвешка во преговорите за постигнување на историските договори од Осло во 1993 година, потпишани во градините на Белата куќа, како и улогата на Норвешка во собирањето даноци наменети за палестинската управа.

Според израелското Министерство за надворешни работи, со израелска наредба ќе се укине дипломатскиот статус на осум норвешки дипломати кои работат во амбасадата во Израел.

Како аргументи за оваа одлука, израелската влада го наведе неодамнешното признавање на државата Палестина од страна на Норвешка, како и учеството на Норвешка во случајот против израелските лидери во Меѓународниот кривичен суд.

ЕУ, исто така, ја осудува одлуката на Израел во врска со норвешките дипломати, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на изјава на Жозеп Борел. мс/

Остани поврзан