• четврток, 21 ноември 2024

ЕУ и САД изразија подготвеност да соработуваат со владата на привремениот премиер на Бангладеш

ЕУ и САД изразија подготвеност да соработуваат со владата на привремениот премиер на Бангладеш

Брисел, Вашингтон, 8 август 2024 (МИА) - Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска ја поздрави инаугурацијата на добитникот на Нобеловата награда за мир Мухамед Јунус како шеф на привремената влада на Бангладеш, пренесоа француските медиуми.

-ЕУ со нетрпение очекува да работи со новата администрација и да ја поддржи оваа клучна транзиција во Бангладеш, која мора да биде дел од мирен и инклузивен процес поткрепен со добро владеење, демократски вредности и почитување на човековите права, рече Борел.

САД, исто така, денеска соопштија дека се подготвени да соработуваат со новата влада на Бангладеш, предводена од нобеловецот за мир Јунус, за да помогнат во воспоставувањето демократска иднина за јужноазиската земја по неколкунеделни протести.

-Ги поздравуваме повиците на д-р Јунус за прекин на неодамнешното насилство и сме подготвени да работиме со привремената влада и со д-р Јунус додека тие подготвуваат демократска иднина за народот на Бангладеш, рече портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер. мс/

фото: ЕПА

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан