• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Уапсени уште двајца новинари кои известувале за протестите во Истанбул

Уапсени уште двајца новинари кои известувале за протестите во Истанбул

Анкара, 28 март 2025 (МИА) - Во Турција се приведени уште двајца новинари кои ги следеле протестите против апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, објави турскиот портал „Герчек Ѓундем“.

Во раните утрински часови уапсени се Ниса Суде Демирел од опозицискиот медиум „Евренсел“ и Елиф Бајбурт од агенцијата „Еткин Хабер“ (ETHA), пренесува БТА.

Турскиот суд вчера ослободи седум новинари, вклучително и фоторепортерот на „Франс прес“, Јасин Акгјул, кои беа приведени за време на протестите. Тие беа уапсени во своите домови во понеделникот наутро, под обвинение за „учество во незаконски собири и непочитување на наредбите за разидување“.

Во меѓувреме, Би-Би-Си вчера објави дека нивниот дописник Марк Лоуен бил депортиран од Турција, откако ден претходно бил приведен во Истанбул додека известувал за протестите.

Канцеларијата за комуникации на турското претседателство, сепак, ги отфрли овие тврдења како „дезинформации“ и соопшти дека Лоуен бил протеран поради немање акредитација, а не поради неговата новинарска работа.ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан