• четврток, 17 јули 2025

НВО со седиште во САД соопшти дека 657 ирански војници и цивили се убиени во израелските напади

НВО со седиште во САД соопшти дека 657 ирански војници и цивили се убиени во израелските напади

 Њујорк, 20 јуни 2025 (МИА) - Невладина организација со седиште во САД соопшти денеска дека во нападите на Израел врз Иран загинале најмалку 657 лица, вклучувајќи цивили и припадници на безбедносните сили, бројка базирана на извори и извештаи во Иран.

HRANA (Human Rights Activists News Agency) соопшти дека најмалку 263 цивили се убиени низ целата земја откако Израел ги започна нападите на 13 јуни. Меѓу нив, потврдено е за загинување на повеќе од 20 деца најголем број во Техеран.

Според нив, убиени се и 164 припадници на војската.

Вкупниот број на жртви вклучува 230 лица за кои HRANA не можеше да утврди дали се цивили или членови на безбедносните сили. Повеќе од 2.000 припадници на безбедносните сили и цивили се ранети до денеска.

Групата соопшти дека нападите се случиле во 21 од 31 провинција во Иран.

HRANA е дел од невладината организација „Активисти за човекови права“, која беше основана во Иран во 2005 година, но подоцна се префрли во САДа поради репресијата од иранските власти. зш/

 

Остани поврзан