„ТУИ Ервејс“ не планира за наредната година да ги обнови сезонските летови од Лондон за Охрид
- Авиокомпанијата „ТУИ Ервејс“ со седиште во Велика Британија не планира да ги обнови сезонските летови меѓу Лондон „Гетвик“ и Охрид наредната летна сезона.
Охрид, 12 октомври 2023 (МИА) – Авиокомпанијата „ТУИ Ервејс“ со седиште во Велика Британија не планира да ги обнови сезонските летови меѓу Лондон „Гетвик“ и Охрид наредното лето.
Истовремено од авиокомпанијата е соопштено дека планира да ги обнови летовите меѓу Манчестер и Охрид, што исто така започна оваа година, и тоа со зголемена фреквенција од еден на два летови седмично.
„ТУИ флај“ од Холандија што исто така е дел од „ТУИ “ групацијата ќе продолжи со летовите од Амстердам за Охрид.
На почетокот на оваа година авиокомпанијата „Виз ер“ ги прекина летовите меѓу Лондон „Лутон“ и Охрид.
Во периодот од јануари до август, охридскиот аеродром опслужил 186.692 патници, што е за 17 проценти повеќе споредбено со минатата година, но е пад од 13,3 проценти во однос на 2019 година. аб/нд/
Фото: МИА