• понеделник, 23 декември 2024

Тројца Израелци убиени во вооружен напад на граничен премин меѓу Израел и Јордан

Тројца Израелци убиени во вооружен напад на граничен премин меѓу Израел и Јордан

Аман, 8 септември 2024 (МИА) - Тројца Израелци загинаа во вооружен напад на граничниот премин „Крал Хусеин“ меѓу Израел и Јордан, јавува Анадолија

Весникот „Једиот Ахронот“ објави дека возач на камион отворил оган на мостот „Крал Хусеин“ помеѓу Јордан и окупираниот Западен Брег.

Израелската итна служба „Маген Давид Адом“ соопшти дека тројца мажи починале од тешки повреди. Напаѓачот бил убиен, пишува „Хаарец“.

Овој напад се случи во време на зголемени тензии на окупираниот Западен Брег, додека Израел продолжува со својата офанзива во Појасот Газа, во која од 7 октомври минатата година загинаа над 40.900 Палестинци, најмногу жени и деца. ссм/

фото: архива

Остани поврзан