• недела, 12 мај 2024

Третоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ со признанија од Њујорк по повод Светскиот ден на детето

Третоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ со признанија од Њујорк по повод Светскиот ден на детето
Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) - По повод 20 ноември - Светскиот ден на детето, востановен од УНИЦЕФ, четворица третоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ Дамјан Симески, Јосип Радетиќ, Лара Јакимова и Петар Ѓорѓиев предводени од одделенската наставничка Дијана Петроска и предметниот наставник Стефан Симовски со свои ликовни творби учествуваа на 25. Меѓународен ликовен натпревар „Пријатели на мирот 2022“ во Њујорк, САД. Годинава со свои ликовни творби во овој глобален проект учествуваа 4540 деца од 77 земји. Темата на годинашниот ликовен натпревар кој традиционално се одржува во Њујорк под покровителство на УНИЦЕФ беше „Да владее мир на Земјата“. Целта на овој глобален проект кој изминативе 25 години се реализира во 116 земји под покровителство на УНИЦЕФ е поттикнување на свеста кај децата ширум светот на возраст од 5 до 16 години за креативно изразување. Оваа меѓународна програма има за цел да ги охрабри децата преку креативни активности да бидат посветени кон промовирање на мирот и да создаваат иднина во која ќе владеат хармонија и меѓусебно разбирање. Ликовните творби и на учесниците ООУ „Лазо Трповски“ ќе бидат изложени на светската изложба што ќе се одржи на почетокот на следната година во САД./

Остани поврзан