Трент Александер-Арнолд постигна договор со Реал Мадрид
- Трент Александер-Арнолд постигна договор со Реал Мадрид и на лето ќе стане играч на шпанскиот гигант, тврдат англиските медиуми. По неколкумесечни шпекулации за иднината на фудбалерот на Ливерпул, се чини дека веќе нема сомнеж за тоа каде ќе игра од следната сезона.

Ливерпул, 25 март 2025 (МИА) - Трент Александер-Арнолд постигна договор со Реал Мадрид и на лето ќе стане играч на шпанскиот гигант, тврдат англиските медиуми. По неколкумесечни шпекулации за иднината на фудбалерот на Ливерпул, се чини дека веќе нема сомнеж за тоа каде ќе игра од следната сезона.
Александар-Арнолд е еден од тројцата главни играчи на Ливерпул чии договори истекуваат на крајот од сезоната. „Црвените“ имаа некои надежи дека ќе ја продолжат соработката со него, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк, но се чинеше дека нема напредок во разговорите.
Според информациите, 26-годишниот дефанзивец договорил петгодишен договор со Реал, според кој ќе добива преку 220.000 фунти неделно. Тој е во контакт со Карло Анчелоти од јануари кога Шпанците испратија понуда за него.
Играчот го информирал Ливерпул за напредокот на преговорите. дс
Фото: Архива