• петок, 05 декември 2025

Нов светски рекорд на Канаѓанката Мекинтош, трет за помалку од една недела

Нов светски рекорд на Канаѓанката Мекинтош, трет за помалку од една недела


Монтреал, 12 јуни 2025 (МИА) – Канадската пливачка Самер Мекинтош постави нов светски рекорд во дисциплината 400 метри мешано на државното првенство во Викторија.
Мекинтош ја исплива делницата за 4:23,65 минути, соборувајќи го сопствениот светски рекорд за 0,73 секунди.
Ова е трет светски рекорд на 18-годишната Мекинтош за помалку од една недела.
„Каква недела Викторија. Многу се забавував во базенот оваа недела“, објави Мекинтош на социјалните мрежи.
Канаѓанката постави нов светски рекорд во дисциплината 200 метри мешано во понеделникот со време од 2:05,70 минути, два дена откако постави нов светски рекорд на дисциплината 400 метри слободно со време од 3:54,18 минути.
Мекинтош освои три златни медали на минатогодишните Олимписки игри во Париз, на 200 и 400 метри мешано и на 200 метри градно, како и сребро на 400 метри слободен стил. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан