• понеделник, 06 април 2026

Пол го освои трофејот на турнирот во Хјустон

Пол го освои трофејот на турнирот во Хјустон

Хјустон, 6 април 2026 (МИА) - Американскиот тенисер Томи Пол го победи Аргентинецот Роман Андрес Буручага синоќа во финалето на турнирот во Хјустон. 

За два часа и 42 минути игра, Пол стигна до победата со резултат 6:1, 3:6 и 7:5.

Дваесет и седумгодишниот Пол (рангиран број 21 во светот) сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше пет од 16 брејк топки. 

Неговиот 24-годишен противник (рангиран 77-ми во светот) погоди еден ас, три двојни грешки и реализираше три брејк топки (од 16).

Ова беше петта титула во кариерата на Пол. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан