Олимп со двојна екипна победа на Државното атлетско првенство и Купот
- Атлетскиот клуб Олимп од Битола, викендот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, имаше оствари победа на Државното првенство и Куп натпреварот на Македонија на 10.000 метри, освојувајќи прво место во екипна конкуренција (Куп на Македонија) и кај жените и кај мажите.
Скопје, 6 април 2026 (МИА) - Атлетскиот клуб Олимп од Битола, викендот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, имаше оствари победа на Државното првенство и Куп натпреварот на Македонија на 10.000 метри, освојувајќи прво место во екипна конкуренција (Куп на Македонија) и кај жените и кај мажите.
Во индивидуална конкуренција, најсилен впечаток остави Дарија Крстевска, која со време од 40:14 го освои првото место во женска конкуренција и постави нов национален младински рекорд, подобрувајќи го досегашниот за повеќе од две минути.
Веднаш зад неа заврши Адријана Поп Арсова Рашиќ со 40:16, додека Ирма Хајдари го освои четвртото место со време од 42:11, комплетирајќи ја доминацијата на АК Олимп во женска конкуренција.
Третото место го освои Фросина Михајловска од АК Аеродром.

Кај мажите, Димитар Илиев го освои второто место со 32:16, додека Димитар Петровски и Григорјан Никоски се пласираа на петтата и седмата позиција со 33:26 и 34:09. Инаку, индивидуален победник во машка конкуренција беше Дарио Ивановски од АК Скопски Маратон, кој постави нов национален рекорд на 10.000 метри со време од 29:07, додека третото место на подиумот го зазеде Жан Тосев од АК Струмица.
Со ваков распоред на резултати, Олимп доминантно ги освои двете екипни титули. зс/
Фото: Васко Јованов