• петок, 05 декември 2025

Младинците на Еурофарм Пелистер подготвени за битката за трофејот во Лигата на шампиони

Младинците на Еурофарм Пелистер подготвени за битката за трофејот во Лигата на шампиони

 

Битола, 12 јуни 2025 (МИА) – Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер попладнево го одржаа последниот тренинг пред утрешното заминување за Келн каде викендов ги очекува историскиот настап на завршниот турнир во битката за трофејот во ракометната Лига на шампиони.

На денешниот тренинг во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, младинците ги посети капитенот на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, кој ги охрабри младите ракометари и им посака среќа на турнирот на најдобрите.

Експедицијата на Еурофарм Пелистер утревечер од 20:00 часот ќе го одржи официјалниот тренинг пред полуфиналето против ГОГ Гудме.

Натпреварот за пласман во финалето се игра в сабота со почеток во 09:00 часот во „Баер Спортцентер“ во Дормаген.

Во второто полуфинале во терминот од 11:30 часот ќе играат Барселона и Веспрем.

Финалето во младинската ракометна Лига на шампиони е закажано за в недела во „Ланксес Арена“ во Келн. ег

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук

 

Остани поврзан