• вторник, 14 мај 2024

Трајанов: Техничката влада да биде одраз на составот на Парламентот

Трајанов: Техничката влада да биде одраз на составот на Парламентот

Скопје, 26 јануари 2024

На новиот мандатар му предлагаме при составот на техничката Влада да води сметка за бројот на пратениците и партиите кои се дел од Владата, како и за соодветната и правична застапеност на сите етнички заедници.

Досега ДУИ и Алијансата на Албанците со 20 пратеници раководеа со 8 министерства, додека СДСМ со 41 пратеник имаше премиер и 8 министерства. Со номинацијата на Талат Џафери за премиер, како и вкупниот број пратеници од СДСМ и опозицијата (најмалку 86), неопходно е целосно рекомпонирање на составот на Владата, која најмалку четири месеци ќе владее со државата.

Ковачевски си оди, но зад него остава Влада која во голема мера ќе ги загрози стратешките, државните и националните интереси на Македонија, стабилноста и меѓуетничката кохезија.

Демократски сојуз 

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан