• вторник, 24 декември 2024

Коалицијата Менуваме и претставници на граѓанскиот сектор остварија средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Коалицијата Менуваме и претставници на граѓанскиот сектор остварија средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Скопје, 14 мај 2024 

Почитувана професорке Дафкова, кога пред 5 години НИЕ од Коалицијата Менуваме поподробно ги осознавме Вашите погледи кон целта што денес ја постигнавте, се надевавме и се молевме дека со Вас ќе  престанеме да живееме од сеќавања кои кратко траат и се гасат, да она НИКОГАШ – прерасне во ЗАСЕКОГАШ. За наша огромна жалост, бевте само второпласирана во натпреварот за нашите животи. Сепак, продолживме да се радуваме дека Вашата кандидатура овој пат ќе биде победничка затоа што сите лица со попречености, со посебни потреби, изнемоштените и болните се молеа за сонце во Твоите очи, за допир од Твоите прекрасни зборови кои ќе го разбудат кај нас мигот на животот. Се молевме розите да не свенат како бледи сеќавања и ниту една солза да не испуштат повеќе, се молевме и да ги слушаме Твоите зборови исткаени од желба за нашите души обоени со тага за да самотијата не не боли повеќе. Се молевме да дојдеш во нашиот свет и надежта  да ни ја претвориш во стварност, да секој момент со Тебе и после Тебе биде вечност. Да, искрено  се молевме и се надевавме и дека конечно ќе престанеме да живееме од сеќавања кои кратко траат и се гасат, да она НИКОГАШ – прерасне во ЗАСЕКОГАШ. Копнеевме да Ти ги кажеме најубавите зборови што ги имаме за тебе и нема поубава надеж од онаа што никнува од тагата и нема поубави сништа од оние кои што ги раѓа болката, со една единствена цел, искрено да ти ја честитаме претседателската функција.
"Stat rosa pristina nomine, nomina nuda tenemus."

Со почит 

Коалиција Менуваме 

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Коалиција Менуваме 

Остани поврзан