• понеделник, 23 декември 2024

Почна санација на десетина улици во Куманово

Почна санација на десетина улици во Куманово

Куманово, 14 мај 2024 (МИА) - Почна поставување на бекатон на улици на различни локации во Куманово, соопштија денеска надлежните од секоторт за комунални дејности. Во моментов се поставува бекатон плочки на улицата „706“, на крак од улиците „Инудстриска“, „Јоско Илиевски“. Бекатон се поставува на две улици во населбата „Перо Чичо“.

-Бекатон се поставува на улиците во населбите кои се потесни имаат постар квалитет на подземна инфраструктура. Се надеваме дека ќе ги санираме за скоро време. Според програмата имаме десетина улици каде ќе се поставува бекатон. Очекуваме граѓаните да добијат соодветно поврзување со главните сообраќајници, изјави помошникот раководител на секторот, Момчило Јовановски.

Општина Куманово одвои над 22 милиони 490 илјади денари за две компании за поставување на бекатон. Градот е поделен на источна и западна зона и за поставување на бекатон се задолжени две фирма од Липково и Студеничани кои делат скоро по единаесет милиони денари.

- Имаме доста барања за поставување на бекатон. Станува збор за улици, претежно од населбите, но има во централно градско подрачје, краци каде инфраструктурата е постара и е потребно да се постави бекатон. Се надеваме дека до крајот на градежната сезона ќе успееме да одговориме на најголем дел од барањата на граѓаните, изјави Јовановски.

На една од улиците каде се поставува бекатон е и „706“ во релативно новата населба „Гладно Поле“ со новоизградени куќи, каде граѓаните со години бараат изградба на инфраструктура, за што беа одвоени над 2, 6 милиони денари. Претходно, жителите на приградската населба „Иго Тричковиќ“ добија бекатон на неколку улички по четири децении. ам/дма/


Фото: МИА и Општина Куманово

Остани поврзан