Трамп: Никој не може да го спречи Путин освен мене
- Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина, додавајќи дека напорите да се спречи ескалацијата на конфликтот се „донекаде под контрола“.

Вашингтон, 23 март 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина, додавајќи дека напорите да се спречи ескалацијата на конфликтот се „донекаде под контрола“.
-Мислам дека нема никој на светот кој може да го запре рускиот претседател Владимир Путин, освен мене, рече Трамп доцна синоќа во интервју за „Ауткик“ . „И мислам дека ќе можам да го запрам“, додаде тој.
„Имавме многу рационални дискусии и само сакам да видам дека луѓето престануваат да се убиваат“, рече Трамп. мс/
фото: ЕПА