• четврток, 26 март 2026

Трамп вели дека Путин можеби нема да сака да склучи договор за Украина

Трамп вели дека Путин можеби нема да сака да склучи договор за Украина

Вашингтон, 19 август 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се надева оти неговиот руски колега ќе продолжи по патот кон завршување на војната во Украина, но призна дека Владимир Путин можеби нема да сака да склучи договор.

-Искрено, не мислам дека ќе има проблем. Мислам дека Путин е уморен од тоа. Мислам дека сите се уморни, но никогаш не се знае, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.

„Ќе дознаеме во следните две недели (што мисли претседателот Путин). Можеби не сака да склучи договор, рече американскиот претседател, додавајќи дека ако тоа се случи, неговиот руски колега ќе се најде во „тешка ситуација“. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан