• недела, 28 април 2024

Тошковски: Управниот суд поништи уште две незаконски одлуки на Владата

Тошковски: Управниот суд поништи уште две незаконски одлуки на Владата

Скопје, 25 март 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека Управниот суд поништил уште две одлуки на Владата со кои биле поништени решенија донесени од негова страна. 

-Едната пресуда се однесува на одлука со која беше поништено решение со кое се откажува договорот за вработување на работник во МВР на позицијата командир на ПО Ропотово, додека другата пресуда е за акт со кој до Советот на Општина Демир Хисар од моја страна е доставена листа на кандидати за избор на командир согласно Законот за внатрешни работи, вели Тошковски во објава на Фејсбук.

Управниот суд, како што додава, со пресудите и овој пат утврдил дека за тоа дали предметните решенија уредуваат правни, финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите, единствено надлежна да одлучува е Државната изборна комисија, а не Владата.

-Со донесените пресуди Управниот суд уште еднаш го потврди фактот дека сите решенија донесени од моја страна се во согласност со позитивните законски прописи, а Владата со нивното поништување постапила спротивно на Законот за Влада, вели Тошковски. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан