• сабота, 27 јули 2024

Тошковски во посета на Полициското одделение Сарај и Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров

Тошковски во посета на Полициското одделение Сарај и Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров

Скопје, 12 април 2024 (МИА) - Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска бил во работна посета на Полициското одделение Сарај и Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров, соопштија од МВР.

Од страна на раководството на ПО Сарај министерот бил запознаен со нивните тековни активности и структурата на теренот што го покриваат, при што заедничкиот заклучок бил дека во оваа организациска единица во најкус можен рок треба да се систематизираат повеќе полициски службеници кои ќе одговорат на динамиката на работа, од причина што на ова подрачје има 24 села и повеќе од 40.000 жители.

- Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров се соочува со недостаток на униформирани полициски службеници, а од аспект на прекршувања на јавниот ред и мир и извршени кривични дела во однос на другите Единици на територија на Град Скопје има помал обем на деликти. Како позначаен настан го издвоија лишувањето од слобода утринава на еден од осомничените за разбојништвото кое неодамна се случи во Куманово, образложил техничкиот министер Тошковски, се додава во соопштението. цр/са/

Фото: МВР

Остани поврзан