• вторник, 21 мај 2024

Четири лица загинаа во судар во текот на полициска потера по ограбувач на банка кај Торонто

Четири лица загинаа во судар во текот на полициска потера по ограбувач на банка кај Торонто

Онтарио, 30 април 2024 (МИА) - Во судар кај Торонто во текот на полициска потера по осомничен ограбувач на банка кој бегал со автомобил во погрешна насока на автопатот 401, загинале четири лица, меѓу кои и едно дете, изјави денеска портпаролката на полицијата во Онтарио.

Судирот се случил во близина на излезот на автопатот 412 во Витби, на околу 50 километри источно од Торонто.

На видеото споделено на платформата „Икс“ се гледа како возило со голема брзина се движи во погрешна насока на автопат и потоа удира.

Полиција во Онтарио го затвори автопатот во двата правци во текот на ноќта, но од изутрината сообраќајот се одвива непречено. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан