• петок, 22 ноември 2024

Во Полска уапсени девет лица поради саботажа за руски служби

Во Полска уапсени девет лица поради саботажа за руски служби

Варшава, 21 мај 2024 (МИА) - Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за службите на Русија.

„Во моментов имаме девет осомничени уапсени и обвинети за извршени акти на саботажа во Полска, директно во име на руските служби“, изјави Туск за телевизијата ТВН24.
Меѓу наводните злосторства се палење и тепање, а Полска соработува со други земји во истрагата, вклучувајќи ги Литванија, Латвија и Шведска.

Меѓу наводните злосторства се палење и тепање, а Полска соработува со други земји во истрагата, вклучувајќи ги Литванија, Латвија и Шведска.

Варшава тврди дека станала честа цел на руските разузнавачки служби поради нејзината важна улога во доставувањето пакети помош за Украина, а Туск претходно во мај најави дека владата ќе додели дополнителни 25 милиони долари за нејзините разузнавачки служби поради оваа закана. паг/

Фото: МИА архива
 

Остани поврзан