• четврток, 26 март 2026

Техеран: Над 1.000 загинати во Иран за време на 12-дневната војна со Израел

Техеран: Над 1.000 загинати во Иран за време на 12-дневната војна со Израел

Техеран, 22 јули 2025 (МИА) – Најмалку 1.062 лица загинаа во Иран за време на 12-дневната војна со Израел минатиот месец, соопшти денеска портпаролката на иранската Влада Фатеме Мохаџерани, повикувајќи се на официјални податоци.

Меѓу жртвите има 102 жени и 38 деца.

Конфликтот започна на 13 јуни со израелски напад врз Иран, при што беа убиени високи воени функционери и научници поврзани со иранската нуклеарна програма. САД се приклучија на офанзивата на својот сојузник, напаѓајќи три ирански нуклеарни постројки во ноќта меѓу 21 и 22 јуни.

Во одговор, Иран изврши ракетни напади врз израелска територија.

Војната дополнително ги влоши тензиите на Блискиот Исток и предизвика меѓународни апели за воздржаност и итен прекин на огнот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан