• понеделник, 23 декември 2024

„Тесла“ повлекува 1,6 милиони автомобили во Кина

„Тесла“ повлекува 1,6 милиони автомобили во Кина

Пекинг, 5 јануари 2024 (МИА) - „Тесла“ одлучи да повлече повеќе од 1,6 милиони електрични автомобили продадени во Кина меѓу август 2014 година и декември минатата 2023 година, по препорака на Државната администрација за регулатива на пазарот. Проблемот се однесува на функциите на автопилотот и заклучувањето на вратите, велат од агенцијата. 

Увезените „Модел С“, „Модел Икс“ и „Модел 3“, заедно со возилата од кинеско производство - „Модел 3“ и „Модел Ипсилон“ - сите се повлекуваат. Американската компанија треба само да изврши ажурирање на софтверот, па возилата нема да мора да се внесуваат во работилница, се вели во соопштението.

Надлежните ги советуваат возачите во меѓувреме да бидат внимателни.

Во последното тримесечје лани, „Тесла“ испорача 484.507 возила за купувачите во Кина. Во текот на целата 2023 година, американската компанија ги исполни своите цели за продажба. Кинескиот соперник на тамошниот пазар за електромобили - „БИД“, продаде повеќе од 526.000 електрични возила во последното тримесечје, туркајќи ја така „Тесла“ на второто место.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан