• четврток, 16 мај 2024

Тер Штеген го забележа својот 400-ти настап за Барселона

Тер Штеген го забележа својот 400-ти настап за Барселона

Барселона, 9 март 2024 (МИА) – Натпреварот против Мајорка одигран вчеравечер беше јубилеен за голманот Марк-Андре тер Штеген. Германецот стигна до 400 настапи за каталонскиот клуб.

Од странците кои играле за Барселона, повеќе натпревари имаат само Лионел Меси (778) и Дани Алвеш (408).

Кај голманите само Виктор Валдез (553) и Андони Зубизарета (410) ја надминале границата од 400 натпревари.

Тер Штеген е дел од Барселона од 2014 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан