• среда, 17 април 2024

Тен Хаг убеден дека ќе остане на чело на Манчестер Јунајтед

Тен Хаг убеден дека ќе остане на чело на Манчестер Јунајтед

Манчестер, 28 февруари 2024 (МИА) - Менаџерот Ерик тен Хаг реагираше нагласините дека би можел да се раздели со Манчестер Јунајтед поради неубедливите резултати на „црвените ѓаволи“ оваа сезона. 

Искусниот менаџер од Холандија не се сомнева дека ќе ја задржи функцијата на „Олд Трафорд“.

- Имам договор на три години. Не ми е важно што се пишува и зборува. Во процес сум и целосно сум фокусиран на тоа. Силно верувам дека раководството ме поддржува. Знам што правам. Сум зборувал многу пати со Сер Џим Ретклиф. Редовно разговараме за иднината. Се работи за заедничка иднина, изјави холандскиот стручњак, цитиран од светските агенции.

Дваесеткратниот шампион на Англија минатата недела претрпе пораз на домашен терен од Фулам со 2:1 и се наоѓа на шестото место на табелата во Премиер лигата.

Подоцна вечерва Јунајтед гостува кај Нотингем Форест во осминафиналето на ФА Купот.дс

Фото: Архива

Остани поврзан