• сабота, 11 април 2026

Светски рекорд на Ехамер во седмобој

Светски рекорд на Ехамер во седмобој

 

Торун, 22 март 2026 (МИА) – Швајцарецот Симон Ехамер го одбележа саботниот ден на Светското атлетско првенство во сала во Торун, поставувајќи нов рекорд во седмобој.

Ехамер го освои златото со 6.670 бодови, надминувајќи го за 25 бодови претходниот светски рекорд поставен од Американецот Ештон Итон од 2012 година.

Среброто и бронзата ги освоија Американците Хит Болдвин со 6.337 и Кајл Гарланд со 6.245 бодови.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан