Дијако: Не се откажуваме од шампионската трка, на победа против Пелистер
- Струга му гостува на битолски Пелистер попладнево во рамки на 24 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во обид со победа да остане во трката со Вардар и Шкендија за шампионската титула/
Скопје, 22 март 2026 (МИА) – Струга му гостува на битолски Пелистер попладнево во рамки на 24 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во обид со победа да остане во трката со Вардар и Шкендија за шампионската титула/
Традицијата пред гостувањето во Битола е на страната на фудбалерите на Струга кои девет натпревари немаат пораз против Пелистер, а последниот натпревар заврши нерешено 1-1.
„Бројките и традицијата немаат никаква вредност за мене. Сè ќе зависи од нашиот фокус на натпреварот. Мора да бидеме подготвени, решителни и да одиме кон нова победа, без да се оптоваруваме со минатото“, изјави дефанзивниот играч за врска на Струга, Ласана.
Струга е третопласирана на табелата со 50 бодови, осум помалку од водечките Вардар и Шкендија.
„Екипата е целосно фокусирана на денешниот натпревар, го оставивме за себе куп-натпреварот против Шкендија. И покрај тоа што немавме добар старт во пролетниот дел, можам да кажам дека како тим ќе се бориме до последниот меч во трката за шампионската титула“, истакна Дијако.
Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Шкупи и Башкими. ег
ФОТО: ФФМ