• среда, 08 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тајани: Италија сè уште не е подготвена да ја признае Палестина

Тајани: Италија сè уште не е подготвена да ја признае Палестина

Рим, 25 јули 2025 (МИА) – Италија сè уште не е подготвена да ја признае Палестина како независна држава, изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи Антонио Тајани, откако францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Франција ќе го стори тоа.

– Поддржуваме решение со две држави и два народа, но признавањето на палестинска држава мора да биде проследено и со признавање на Израел од страна на Палестинците, рече Тајани на седница на Националниот совет на неговата партија „Форца Италија“.

Тој додаде дека интересот на Италија е постигнување мир, а не победа на една од страните во конфликтот. – Италија е земјата што прифати најголем број бегалци од Газа, истакна Тајани.

Шефот на италијанската дипломатија ги осуди израелските напади во Појасот Газа, како и ограничувањата за внес на хуманитарна помош. Повтори и апел за итно прекинување на огнот во конфликтот со Хамас.

– Не можеме повеќе да гледаме масакри и глад. Време е за итен прекин на огнот. Ние сме пријатели на Израел, но тоа отворено сме му го кажале, заклучи Тајани. ссм/

фото: архива

Остани поврзан