• петок, 05 декември 2025

Таравари на средба со Колефски во Пустец

Таравари на средба со Колефски во Пустец

Дебар, 9 август 2025 (МИА) - Делегација на Алијанса за Албанците, предводена од Арбен Таравари, престојувала во Пустец каде остварила средба со градоначалникот Пали Колефски.

-Делегацијата беше пречекана и од претставници на Општина Пустец, што ја одразува институционалната посветеност кон регионалната соработка. За време на средбата беа потенцирани одличните односи помеѓу Општина Пустец и Северна Македонија, како и важноста од нивно зачувување и зајакнување во иднина, објави Општина Пустец.

Според истиот извор, градоначалникот Колефски, ја потврдил континуираната посветеност на оваа соработка и пријателство, нагласувајќи ја заложбата за проекти и иницијативи што носат развој и придобивки за заедницата.

Делегацијата, во која се и Ваљбон Лимани, градоначалник на Општина Гостивар, Блерант Рамадани, генерален секретар на партијата, Исен Шабани, градоначалник на Врапчиште и Назим Таипи, претседател на Националното собрание на АА, претходно, според албанските медиуми имала средба со градоначалникот на Подградец и првиот човек на округот Корча. вт/ац/

Фото: Општина Пустец

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан