• понеделник, 17 март 2025

Таравари: Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, на помош пристигнуваат специјалисти за изгореници

Таравари: Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, на помош пристигнуваат специјалисти за изгореници

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Вкупно 47 повредени лица во пожарот во Кочани ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, соопшти вечерва министерот за здравство Арбен Таравари. 

Утре на помош во државата пристигнуваат специјалисти по изгореници од Израел, Белград и Прага кои ќе им помогнат на здравствените работници во државава. 

Како што изјави Таравари, според информациите со кои располага, четири до пет повредени побарале лекарска помош во приватните клиники. бак/ац/

Фото: Притнскрин

 

Остани поврзан