• среда, 18 декември 2024

Судскиот совет и Советот на ЈО потпишаа меморандум за соработка

Судскиот совет и Советот на ЈО потпишаа меморандум за соработка

Скопје, 25 септември 2023 (МИА) - Судскиот совет на Република Северна Македонија и Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија денеска во просториите на Судскиот совет потпишаа Меморандум за соработка. 

— Ова е добар показател дека ние сме секогаш на располагање и во иднина секогаш да ја зголемиме нашата соработка. Воедно имаме реални проблеми во проекцијата при изборот на судии и обвинители, изјави претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев.

Меморандумот за соработка значи формализирање, рече претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, на она што изминатите години неофицијално го работеа двете институции. ра/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан