• недела, 23 февруари 2025

Здравје, среќа, мир и љубов за сите, сплотеност, посака Костадиновски кој го фати светиот крст во Луда Мара

Здравје, среќа, мир и љубов за сите, сплотеност, посака Костадиновски кој го фати светиот крст во Луда Мара

Кавадарци, 19 јануари 2025 (МИА) - Трајче Костадиновски од кавадаречкото село Марена дојде прв до светиот крст положен во водите на реката Луда Мара, во рамките на одбележувањето на верскиот празник Богојавление Водици. Претходно на два пати се обидувал, но годинава, успеал, кога по трет пат влегол во студените јануарски води на реката што го дели Кавадарци на два дела. 

Во изјава за медиумите, овој 36 - годишник рече дека чувството е преубаво и дека е среќен што му успеало да го дофати светиот крст. 

- Сите што ќе го даруваат светиот крст што ќе биде изложен на градскиот плоштад, да знаат дека парите ќе бидат донирани во хуманитарни цели, за лекување на девојче, истакна Костадиновски. 

Здравје, среќа, мир и љубов за сите, сплотеност, посака тој. 

Костадиновски беше даруван со пригодни подароци. свд/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан