• сабота, 06 декември 2025

Во Крива Паланка изложба на фотографии на лицата од трето доба

Во Крива Паланка изложба на фотографии на лицата од трето доба

Крива Паланка, 5 декември 2025 (МИА) - Во Европската куќа во Крива Паланка вечерва беше отворена изложба на фотографии изработени од највозрасните жители, корисници на Дневниот центар за престој на стари лица со активно стареење при Општинската организација на Црвен Крст.

- Фотографиите се одраз на лични приказни на лицата од третото доба, раскажани преку објективот и моментите од секојдневниот живот кои носат емоција, мудрост и автентичност, а изложбата е резултат на претходно реализирани едукативни работилници, под менторство на искусен фотограф, на кои учесниците ги учеа основите на фотографијата и визуелната уметност и создадоа сопствени фотографии, изјави Методи Цветковски од Центарот за аудиовизуелни уметности Крива Паланка.

Цветковски истакна дека целта на акцијата е да ја зајакне самодовербата кај постарите граѓани и да се даде придонес за развивање на нивните вештини, креативност и перспектива, како и да се поттикне поголемо меѓугенерациско поврзување и почитување.

Изложбата е дел од малата акција „Достоинствена старост низ фотографии што раскажуваат“, во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности Крива Паланка, во рамки на проектот „Здружени за активно граѓанство“, што го спроведува Инфоцентарот со поддршка на Европската Унија. ид/бак/


Фото: Центар за аудиовизуелни уметности Крива Паланк

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан