• сабота, 12 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Судија ја блокираше одлуката на Трамп да им го одземе привремениот правен статус на илјадници мигранти

Судија ја блокираше одлуката на Трамп да им го одземе привремениот правен статус на илјадници мигранти

Вашингтон, 11 април 2025 (МИА) - Бостонскиот федерален судија Индира Талвани во четвртокот ја блокираше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да им го одземе привремениот правен статус на стотици илјади Кубанци, Хаиќани, Никарагваци и Венецуелци во Соединетите Американски Држави.

Во својата одлука, Талвани навела дека одлуката за одземање на привремениот правен статус на мигрантите на две години е заснована на погрешно толкување на законот бидејќи овие мигранти легално ја преминале американската граница.

Таа изјави дека Трамп сакал да ја забрза депортацијата на 450.000 мигранти од 24 април.

Трамп веднаш по преземањето на функцијата на 20 јануари воведе вонредна состојба на границата меѓу САД и Мексико за да спречи влез на илегални мигранти, а набрзо испрати и дополнителна војска. паг/

Фото: МИА архива




Остани поврзан