• петок, 05 декември 2025

Трамп потпиша наредба за воведување царини од 50 проценти за Бразил

Трамп потпиша наредба за воведување царини од 50 проценти за Бразил

Вашингтон, 30 јули 2025 (МИА)  - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која се воведуваат дополнителни царини од 40 проценти за увоз од Бразил, што значи дека вкупните царини изнесуваат 50 проценти, објави Белата куќа.

Трамп пред три недели објави дека неговата администрација ќе воведе царина од 50 проценти за бразилските производи извезени во САД, почнувајќи од 1 август.

Тој ги услови царините, за кои рече дека ќе стапат на сила на 1 август, со тоа како Бразил ќе се справи со поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој е на судење по обвинение за наводно планирање државен удар за да се спречи претседателот Луиз Инасио Лула да Силва да ја преземе функцијата. зш/

Остани поврзан