Специјалниот помошник на претседателот на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, утре заминува за Израел
- Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блискиот Исток, Стив Виткоф, утре заминува за Израел за да разговара за следните чекори за решавање на ситуацијата во Појасот Газа, јавија американски медиуми, повикувајќи се на изјава од официјален претставник во Вашингтон.
Вашингтон, 30 јули 2025 (МИА) - Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блискиот Исток, Стив Виткоф, утре заминува за Израел за да разговара за следните чекори за решавање на ситуацијата во Појасот Газа, јавија американски медиуми, повикувајќи се на изјава од официјален претставник во Вашингтон.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува да бидат поставени центри за дистрибуција на храна за да се нахранат повеќе луѓе на периферијата на Газа, каде има масовно глад.
Виткоф ќе се сретне со израелски претставници „за да разговараат за следните чекори за решавање на ситуацијата во Појасот Газа“, додаде американскиот претставник. зш/
фото ЕПА