• вторник, 07 мај 2024

Судир со полицијата за време на протестот на боливиските лекари

Судир со полицијата за време на протестот на боливиските лекари
Ла Паз, 24 февруари 2021 (МИА) - Боливијците се судрија со полицијата на улиците во главниот град Ла Паз, барајќи укинување на контроверзниот Закон за вонредна здравствена состојба. Уредбата, потпишана овој месец од претседателот Луис Арце, ги налути здравствените работници и синдикатите на лекарите бидејќи им се забранува штрајк за време на вонредниот период на пандемијата на коронавирус, како и забрана за вработување странски медицински персонал. Боливиските здравствени работници штрајкуваа во петокот, барајќи укинување на вонредната состојба, тврдејќи дека тоа е неуставно и го ограничува правото на протест. Здравствените работници изјавија дека за време на националниот штрајк нема да ја прекинат грижата за пациентите со Ковид-19 и службите за итни случаи. Протести на лекарите и медицинските сестри се одржуваат низ целата земја, во услови на втор бран случаи на коронавирус, кои го претрупаа веќе преоптоварениот здравствен систем, доведувајќи многу болници на работ на пропаст. Боливија пријави повеќе од 243.000 случаи на инфекција и повеќе од 11.400 починати од Ковид-19 од почетокот на пандемијата. паг/
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан