• четврток, 16 мај 2024

Сторми Даниелс сведочи на судењето против Трамп

Сторми Даниелс сведочи на судењето против Трамп

Њујорк, 7 мај 2024 (МИА) -  Поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс денеска сведочи во судот во Њујорк во кривичната постапка против поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

На актерката (45), чие вистинско име е Стефани Клифорд, на крајот на претседателската кампања во 2016 година и исплатиле 130.000 долари за да молчи за наводен сексуален однос со Доналд Трамп во 2006 година.

Станува збор за долгоочекуваната пресметка на поранешниот претседател на САД и порно ѕвезда која тврди дека имале секс, јавија американските медиуми. 
Обвинителите велат дека Трамп ги прикрил информациите за исплата од 130.000 долари кои на Даниелс и ги исплатил неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен пред претседателските избори во 2016 година.

Коен претходно изјави дека Трамп му наредил да и плати на Даниелс за таа да не зборува за сексуалниот однос со Трамп од 2006 година. зш/

Остани поврзан