• понеделник, 22 јули 2024

Најмалку пет израелски војници загинаа во „пријателски оган“ во Џабалија

Најмалку пет израелски војници загинаа во „пријателски оган“ во Џабалија

Тел Авив, 16 мај 2024 (МИА) – Петмина израелски војници загинаа, а седум се повредени во така наречен пријателски оган во северниот дел на Газа, Џабалија, соопштија Израелските безбедносни сили (ИДФ).

Сите настрадани војници служеа во 202-от баталјон на падобранската бригада.

Според првичната истрага на ИДФ, тенк што дејствувал заедно со нив во кампот Џабалија испукал две гранати врз зградата каде што биле израелските војници.

Тенковските сили идентификуваа цевка од пушка од еден од прозорците на зградата и верувале дека станува збор за непријателски сили, што ги навело да испукаат две гранати, соопшти ИДФ. ми/

фото: МИА архива 

Остани поврзан