Состојбата на словачкиот премиер Фицо е стабилна, но сериозна
- Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилизирана, но и понатаму е сериозна, изјави утрово словачкиот министер за одбрана
Братислава, 16 мај 2024 (МИА) - Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилизирана, но и понатаму е сериозна, изјави утрово словачкиот министер за одбрана, еден ден по обидот за атентат.
„Во текот на ноќта лекарите успеаја да ја стабилизираат состојбата на пациентот и во овој момент се водат натамошни активности за подобрување на неговата состојба“, изјави министерот за одбрана Роберт Калињак на прес конференција пред болницата.
„Пациентот има повеќе прострелни рани. Неговата состојба во моментов е стабилизирана, но многу сериозна“, изјави директорката на болницата во Бањска Бистрица, Миријам Лапуникова.
Операцијата траела 5 часа. зш/
фото ЕПА