Десет лица загинаа во шумски пожар во западна Турција
- Десет лица - пет пожарникари и пет шумарски работници, загинаа при гаснење на голем шумски пожар во регионот Ескишехир во западна Турција, соопштија локалните власти.
Анката, 24 јули 2025 (МИА) - Десет лица - пет пожарникари и пет шумарски работници, загинаа при гаснење на голем шумски пожар во регионот Ескишехир во западна Турција, соопштија локалните власти.
-Девет големи пожари избувнаа во Турција во последните 24 часа, а пожарникарите и другите спасувачки служби се борат со сите расположиви средства, изјави вчера министерот за земјоделство и шумарство Ибрахим Џумакли за новинарите во Анкара.
Тој додаде дека 24 лица се „заглавени во пожарот“ во вчерашниот пожар, а дека пожарот од Ескишехир се проширил во соседната покраина Афјонкарахисар.
-Четиринаесет спасувачи во моментов се на лекување во неколку болници, а пет шумари и пет други спасувачи ги загубија животите, додаде Џумакли.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, исто така, изрази сочувство до семејствата на жртвите. мс/
фото: МИА архива